На овој ден, ФК Металург 2025 го одигра својот прв историски натпревар, против екипата на ФК Вардар 75.
Натпреварот официјално беше регистриран со службена победа за нашиот клуб, но во чест на сите присутни, беше одигран и фудбалски натпревар, во кој Металург славеше убедлива победа од 10:0!
Ова не беше само натпревар. Ова беше почеток на една нова фудбалска приказна, создадена со многу труд, посветеност, верба и љубов кон клубот.
Од првиот свиреж до последниот гол, започна да се пишува историјата на клубот кој денес чекори со големи амбиции.
Првиот натпревар. Првата победа. Првите десет голови. Спомен за цел живот.
Ова е само почеток! Благодарност до сите присутни кои ни дадоа поддршка на првиот натпревар. ФК МЕТАЛУРГ 2025 Со наш стил до врвот! 💙

